Валентин Манасиевски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2015 година, средно образование завршил во  СУГС “Никола Карев” во Скопје, а студира на Филозофскиот факултет во Скопје, насока социјална работа и политика. Манасиевски од 2015 година е член на МК “Цветан Димов” како член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.  Од 2016 година е член на ОК Кисела Вода на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Од 15.02.2016 година е избран за член на ИК на УМС како координатор на средношколска унија при УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Тој одлично зборува англиски, српски и делумно шпански јазик. Манасиевски има посетено неколку меѓународни обуки и семинари во организација на ЕУ, ДЕМИК, ЕПП, ЈАРЛ, Павел Шатев и Конрад Аденауер. Тој повторно е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на 16.04.2018 година. Во  2018 година е избран и за  член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода.

Најгоре