Невена Величковска е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2014 година. Средно образование завршила во гимназијата “Гоце Делчев” во Куманово, дипломирана  на Економскиот Факултет  при УКИМ, насока Сметководство и Ревизија. Во 2014 година станува потпретседател на УМС на МК Центар, а потоа и претседател. Од 2016 е член на ОК УМС на ВМРО-ДПМНЕ Куманово и технички секретар на ОК Куманово. Член на РИШ за ИЕ2 за УМС, во изборната кампања 2016 година. Член на ОИШ Куманово за локалните избори во 2017 година. Кандидат за советник, а подоцна е изгласана и за советник во Советот на Општина Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Има работено во повеќе невладини организации и посетувано повеќе меѓународни обуки и семинари. Таа била дете правобранител во СОУ Гимназија “Гоце Делчев” ( 2011 – 2013), учествувала на обуките: Glow Camp – Girls leading our world, Children’s Foundation Песталоци, Leadership Academy во организација на CID ( 2013 ), НВО Младински информативен и советодавен центар “С.Е.Г.А.” ( 2013 ), Академија за млади лидери – Мотива ( 2017 ), Конрад Аденауер Политичка академија 2017, 3-то место на VIII Ораторска вечер “Петар Поп Арсов” , British Council’s Active Citizens Training. Величковска е избрана за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 16.04.2018 година и за член на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ.

Најгоре