КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕДИУМИ
08.11.2009
Почитувани, Иако, СДСМ се обиде да објасни дека не е значајно дали имало или немало тендер за набавките во Кабинетот на Бранко Црвенковски, додека тој ја извршуваше функцијата Претседател на Република Македонија. Иако, СДСМ се обиде да објасни дека обезбедувањето на Бранко Црвенковски има право да троши по кафани и ресторани повеќе или помалку од 15 000 евра. Иако, СДСМ се обиде да објасни дека, не Кабинетот и Бранко Црвенковски лично, туку сметководството е виновно за лошото управување со сметките во Кабинетот на Бранко Црвенковски. СДСМ сокри од македонската јавност дека од сметката на Кабинетот на Бранко Црвенковски се исплатувани средста на некои јавни личности блиски до СДСМ. Ова е скандал! Ова е поткопување на демократијата! СДСМ не даде одговор кој ги добивал средствата, чудно исплатени од страна на кабинетот на нивниот сегашен Претседател. Според тврдењата на еден дневен весник, средства од сметката на Кабинетот на Бранко Црвенковски, добивале многу негови партиски и политички истомисленици: · Љубомир Фрчковски, многу позната личност, поранешен кандидат за Претседател, предложен од СДСМ, · Стево Пендаровски, советник на Бранко Црвенковски и претседател на ДИК кога Црвенковски ја доби функцијата Претседател, · Радмила Шеќеринска, исто така многу добар соиграч на Црвенковски, · Владимир Милчин, поранешен член на раководството на СДСМ, а сегашен директор на Институтот Отворено Општество – СОРОС, · Жарко Трајановски, колумнист, НВО активист и гласен подржувач на сите политики на опозицијата, другар на Милчин, · Сашо Ордановски, поранешен директор на Македонската телевизија, а сегашен директор на Алсат-М телевизија, личен пријател со потпретседателот на СДСМ, Гордан Горгиев, · Ѓунер Исмаил, поранешен министер во повеќе влади на Црвенковски, и тој личен пријател со Гордан Горгиев, · Катерина Блажевска, уредничка во дневниот весник Дневник, · Ивица Антевски, заменик на Бранко Геровски некогаш во Шпиц, а во овој момент во неделникот Сега, · Никола Гелевски, колумнист и НВО активсит, подржувач на политиките на СДСМ, · и други СДСМ и Бранко Црвенковски треба да дадат одговор на следните прашања: · Кој ќе ја сноси политичката одговорност, ако сето ова е вистина? · Дали со буџетски пари вршеле неофицијален поткуп на одредени јавни личности заради добивање на подршка пред јавноста? · Дали СДСМ вака ја замислува демократијата и европските стандарди? · Дали СДСМ и Бранко Црвенковски вака го градат односот со одредени поединци во медиумите во Македонија? Почитувани, ова не смее да остане премолчено. Очигледно СДСМ не се менува. СДСМ е истата онаа транзициска партија. Ви благодарам на вниманието Видео од пресот: http://www.youtube.com/watch?v=7WPlJ769H08
Извор: ВМРО-ДПМНЕ
|