петок 03.09.2010
Дома Партија Теми  
контакт | мапа на сајтот | English
  Православен календар:
Светиот апостол Тадеј; Светата маченичка Васса; Преподобен Аврамиј Смоленски;
 
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Раководство на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации
Мултимедија
Партиски сервис
Линкови

 
Форум
  МАКЕДОНИЈА НА ТРЕТО МЕСТО ВО СВЕТОТ ПО СПРОВЕДЕНИТЕ РЕФОРМИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

 
 
 
 
  КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПЕЧАТ
08.05.2009

Почитувани,

Сакаме да ве известиме дека на ВМРО-ДПМНЕ ќе и биде доделена престижната „ Линдберк Награда за демократија и човекови права“ за 2009 година.

Линдберк беше лидер на конзервативната партија на Норвешка. Се бореше за улогата на правото, сопственичките права, економските права, индивидуалните слободи и соработка помеѓу политичките партии.

Долго време борец за слобода и мир, демократија и човекови права. Тој беше долго време и член на Комитетот за доделување на Нобеловата награда за мир.

Наградата се доделува на луѓе или организации кои систематски работат на промоција на основните човекови права, економските слободи, демократските вредности, на зајакнување на демократските институции во општеството каде демократијата и човековите права се во развој.

Оваа награда минатата година ја доби поранешниот премиер на Естонија, г-дин Март Лаар.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие наградата бидејќи работи на модернизација на Македонија и придонесува за :

  • Движење на Македонија во правец на НАТО и ЕУ имплементирајќи ги реформите за зголемување на напредокот, зајакнување на приватната сопственост како и јакнење на улогата на правото и транспарентноста на ограните на власта.
  • Реформите и јакнењето на изборното право во правец на гарантирање на слободни, фер и транспарентни избори.
  • Јакнење на врската помеѓу различните етнички заедници во Македонија креирајќи широка коалиција со претставници на албанската, турската, ромската, српската, влашката и бошњачката заедница, со што се реализира Охридскиот договор.
  • Остварување на целокупното законодавство и политика на Европската Унија („ Acquis Communautaire“ ) а со тоа и се олеснуваат ЕУ интеграциите.
  • Исполнување на барањата за визно олеснување на Република Македонија и влез во Шенген –зоната и шенген соработка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија, Никола Груевски е поканет лично да ја прими наградата,утре 9-ти мај во Осло, но поради обврските нема да ја прими лично тој наградата туку министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски.




Извор: ВМРО-ДПМНЕ

 
Пребарај:
 
Актуелно
 

Вести
МИСТЕРКАТА КАМЧЕСКА-МИЛЕВСКА ЌЕ СЕ ОБРАТИ НА САЕМОТ НА КНИГА ВО МОСКВА

Вести
МИНИСТЕРОТ ИВАНОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОУ„ЛАЗО ТРПОВСКИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Вести
РАСПРЕДЕЛЕНИ 60 СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ И САМОХРАНИ РОДИТЕЛИ

Вести
НАУМОВСКИ: ОЧЕКУВАМЕ ОБЈЕКТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД ЕК ЗА НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА

Вести
ГРУЕВСКИ: ИСПРАВЕН КОНЦЕПТ КОЈ ДАВА РЕЗУЛТАТИ (ДПЛ)

Соопштенија/Прес
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕДИУМИ - СВЕТЛАНА ЈАКИМОВСКА

Соопштенија/Прес
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕДИУМИ - МАРИЈА АНДОНОВСКА, ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИЕ НА РМ

 
 
  © VMRO - DPMNE