fbpx

Ќе го намалиме ДДВ-то во хотелиерството и угостителството од 18 на 10%

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на МТВ изјави дека во следните 4 години граѓаните ќе имаат можност да видат како конечно некоја власт работи за сопствената држава.

Мицкоски истакна дека исто така во следните 4 години граѓаните ќе имаат можност да видат како се стигнува до рамен данок од 8% и е убеден дека овие бројки се реални и убеден сум дека може тоа да го постигнат.

- Не само тоа , туку и ДДВ за оние кои се најпогодени од Ковид-19 вирусот во хотелиерството и угостителството ќе го намалиме од 18% на 10% заклучно со 2021 година, потенцираше Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека нема да остане на само ова туку тоа е само дел од сетот економски мерки, кои се иновативни нови решенија.

- Она кое што СДСМ го нудеше на избори, е во 2016 година беше дека ќе имаат просечен раст од 5%,а сега гледам дека го намалија на 4%, иако ако гледаме од оној квартал кога ја презедоа владата па се до денеска таа не е поголема бројка од 2%, а се уште не се калкулирани ефектите од вториот квартал годинава кои ќе бидат катастрофални.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има јасна методологија, јасен концепт кој наидува на одобрување на стопанските комори, на синдикатите и граѓаните.