Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Бојан Маричиќ
Маричиќ да си поднесе оставка што познати криминалци се на слобода.
За каква реформа во судството зборува Маричиќ кога СДСМ е власт 5 години, а во тие 5 години нема криминалец кој не им избега.
215 светски криминалци добија пасоши со лажен идентитет, луѓе бегаат од затвор, нема криминалец кој не е во сојузништво со власта.
Командирот на полициската станица во Прилеп кој беше фатен во акција на американската ДЕА е пуштен од притвор и однесен во домашен притвор, а тој беше дел од трговија со дрога со шоферот на Заеви.
Градоначалници на СДСМ, како Боро Марлборо беа фаќани во шверц, а потоа беа ослободувани.
На Оливер Спасовски му пропадна цела акција како „Планина“.
Вице Заев го снемува од обвинение, а никој за тоа не сноси последици.
Власта е буквално недопрена.
Криминалци работат за СДСМ, а Заев исплашен од огромен пораз активира криминалци за да го намали поразот.
Народ не може да истера правда, а за мафијата закон не важи. Време е да се стави крај на криминалот, време е за одговорност.




