fbpx

Соопштенија

Заев наместо да се вози со скапиот мотор низ Тетово, требаше да одговори на тетовчани за многуте нереализирани лажни ветувања

Денес, господинот Заев додека се шеткаше со скапиот мотор низ Тетово заедно со другарчињата, требаше најпрвин да му се јави на Директорот на Заводот за вработување во Тетово и да го праша:„Колкав е бројот на ново невработени лица во тетовскиот регион во последната година, и дали е точно дека нивниот број во последната година е зголемен за 7.588 лица“. Потоа, да се јави кај Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и да праша: „Дали владините пакети и помогнаа на економијата“, и да одговори на прашањето зошто со првите четири пакети предложени од Владата, искористени се една четвртина од планираните средства, односно 330 милиони евра од предвидените 1,2 милијарди евра за да се инјектираат во економијата, каде се останатите пари и каков е ефектот во економијата за кои сите знаеме дека е никаков ?“ Потоа, требаше да се упати накај Општина Тетово и да ја праша градоначалничката Теута Арифи: „Како се спроведува „Едно општество за сите“ и дали има соодветна и правична застапеност на сите нивоа во Општина Тетово или Македонците се заборавени ?

Да праша, дали се инвестира во инфраструктура на местата каде живеат Македонци и зошто барем една шајка не е ставена во стариот дел на градот Тетово, и во сите други делови на град Тетово каде живее етничко македонско население? До каде е со изградбата на Капелата, потоа, со ветената локација за изградба на Црква, со уредувањето на православните гробишта?
Господинот Заев, требаше денес да праша и дали има нови инвестиции и дали е стопирано иселувањето?
Дали Артан Груби при посетата на Тетово го прошета градот и побара на сите фирми каде што нема натпис на кирилица, истото да се постави, со што би се испочитувал законот, би се испочитувал Уставот на Република Македонија, би се испочитувале Македонците во Тетово. Требаше да праша, до каде е реализацијата на новите дополнителни простории во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ за учениците Македонци, кои ги ветивте на 5-ти октомври 2017 година?
Каде е катната гаража?
До каде е со пробивање на нови булевари? Како се одвиваат активностите со регионалната депонија, дали има нови паркови, шеталишта, чист град, и уште многу многу други прашања.
За жал, многу прашања, ама Заев денес само прошета низ Тетово, но ниту праша, а ниту пак, може да одговори на тетовчани за многуте нереализирани, лажни ветувања. А, зошто ? Затоа што знае дека ако праша, ниту некој ќе му даде одговор, а ниту пак тој може да одговори, затоа што знае дека кога ќе ги слушне нереализираните ветувања и лагите кои ги ветуваше, ќе му остане само скришкум да си замине.

 

Со почит,
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Тетово

 

Последни новости