fbpx

Соопштенија

Власта не е способна да ги реализира капиталните инвестиции кои самата ги испланирала, граѓаните уште ги чекаат 600 километри автопат, клинички центар, студентски град и гасификација на 32 општини

 

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Борис Тунџев

Неспособната власт на Заев и СДСМ ниту имаат план, ниту знаат да реализираат проекти за граѓаните. Тие го трошат четвртиот буџет на Македонија, кој од кој поголем, а немаат ниту еден капитален проект направено. Дури не се способни да ги завршат и проектите кои претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ им ги остави во напредна фаза на реализација или проекти за кои остави финансиска конструкција.

Граѓаните уште ги чекаат 600 километри нов автопат, клиничкиот центар во Скопје, Студентскиот град и гасификацијата на 32 општини кои СДСМ им ги ветуваше уште во декември 2016-та година.

Капиталните инвестиции кои самите си ги предвидуваа овие години наназад не се способни да ги реализираат. Речиси по правило во секој ребаланс кој што го правеа прво што кратеа беше од ставката капитални инвестиции и пак реализацијата им беше рекордно ниска.

Ама затоа успеаја да ја задолжат државата за нови 1 милијарди евра и долгот да го покачат на 60% од БДП

И новиот буџет е иста приказна. Да биде потрагично во новиот буџет се предвидуваат рекордни ставки за стоки и услуги во износ од 347 милиони евра, кои без никаква контрола ќе ги троши власта и дополнителни 641 милион евра за други трансфери за кои никој не знае каде ќе се потрошат. Само овие две нетранспарентни ставки се речиси три пати повеќе од ставките предвидени за капитални инвестиции, за кои сме убедени дека нема да се реализираат, ама затоа во целост ќе се трошат парите за лигњи, шкапи, службени возила, хонорари, советници во кабинетот на Заев и слични сомнителни коруптивни одлуки на власта.

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости