fbpx

Соопштенија

Да го покрие срамот на Заев, Филипче шири лажни вести, ако не ја повлече објавата и не се извини, следува пријава

Соопштение до јавноста

Благодариме на пи-ар тимот на Филипче што ни даде можност да реагираме на неговото ширење на лажни вести.

Сликата која ја објави на Твитер каде посочува дека членови на ВМРО-ДПМНЕ не ги почитуваат мерките препорачани за заштита од корона пандемијата е од 2019 година далеку пред почетокот на пандемијата со корона.

Знаеме дека Филипче е научен да лаже, но не знаевме дека кај него лажењето прераснало во болест. Доколку не ја повлече објавата ќе заработи кривична пријава за ширење на лажни и измама.

Наместо да биде војаер на Фејсбук нека си ја работи работата за што е платен, бидејќи само денес починаа 39 лица поради неговата неспособност.

Со цел да го покрие срамот на Заев се обиде да шири лажни вести. Но, ваква брука каква што Заев денес направи не ја покрива ниту една лажна вест на Филипче.

фото 1

фото 2 

Последни новости