fbpx

Прес конференции

Дали дел од 200.000 евра од ФИТР завршиле кај советник на СДСМ од Град Скопје?

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Коста Петров вчера во обид да се испере од овој скандалозен и сомнителен тендер од 200.000 евра кој што го доделила институцијата на две маркетинг агенции, призна неколку работи.

Најпрвин, експресно демантираше дека не го склучил тој договорот и дека тоа го направил неговиот претходник, што укажува дека ги трга рацете има нешто сомнително во овој тендер, иако се работи за тендер во време на институција што без разлика кој бил директор на таа институција, истиот потекнува од редовите а на СДСМ како партија и власт.

Второ, доколку Коста Петров не ги користи услугите на овие две агенции и снима со сопствена продукција како што и самиот вели што и не е докажано, што и хипотетички да е ова вистина, зошто до сега откако е директор не го не го ревидирал истиот договор и да го поништи да спаси 200.000 евра на граѓаните да не завршат непотребно во нечии џебови? Кога немаат никаква работа овие две агенции зошто сепак ги земаат овие 200.000 евра пари на граѓаните?

Она што е трето и најскандалозно и заслужува внимание во јавноста, јавно прашуваме да ни одговори Коста Петров или кој било од СДСМ, дали едната од агенциите која земала од овие 200.000 евра за тендерот Бригада Дизајн, нејзино челно лице е Бојан Ивановиќ, имено советник од редовите на СДСМ во Град Скопје?

Се поголем е сомнежот дека овој тендер е доделен свесно и е наместен, бидејќи еден од добитниците на тендерот е советник од редовите на СДСМ во Град Скопје кај Петре Шилегов

Дали овие две агенции работеле партиски агенди или ќе работат партиски агенди во иднина платени преку парите на граѓаните, треба уште веднаш да се произнесат Коста Петров и СДСМ? Ако не работат ништо во Фондот за иновации, зошто тогаш се уште е активна оваа јавна набавка и не е поништена?

Почитувани,

Ова е начинот на работа на СДСМ како партија и власт. Преку свои функционери, испумпуваат пари на граѓаните и тоа не малку пари туку 200.000 евра. Дел од 200.000 евра завршиле во џебот на советник од редовите на СДСМ во Град Скопје, што не е ништо поразлично од тоа кога завршуваа парите од граѓаните во Фондот за иновации преку грантови исто така кај фирми на кај функционерите на СДСМ.

Фондот за иновации е златна кокошка за збогатување на функционерите на СДСМ. Наместо да дава поддршка на стопанството, компаниите и иноваторите, парите ги дава на функционерите и фирмите на СДСМ.

Ова е резултатот зошто се наоѓаме во рецесија, и зошто имаме над 55.000 граѓани кои се невработени во ек на пандемија и економска криза. Одговорот е едноставен, затоа што парите наместо да завршуваат онаму каде што треба завршуваат кај функционерите и фирмите во СДСМ.

Последни новости