fbpx

Прес конференции

Клептоманската СДСМ фалсификуваше избори, се подготвува да фалсификува и попис

Интегрален текст од изјава за медиуми на Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ клептоманска и криминална е партијата која што на криминален начин и со фалсификати ги спроведува изборите и водени од таквото искуство се сомневаме дека ќе спроведе и фалсификуван попис.

Законот за попис кој што на насилен начин го носи власта говори дека се работи за политичка, а не статистичка операција. Далеку поразвиени и подемократски земји ги одложуваат планираните пописи, ама затоа Заев среде епидемија без јасна методологија и без почитување на стандарди сака да спроведе попис, затоа што тоа е резултат на политички договор.

Во јавноста веќе на големо се шпекулира со процентите на етничките заедници во Македонија што покажува дека пописот е со однапред договорени бројки и само останува јавноста да дознае колку тие ќе отстапуваат од реалноста.

Ваквиот насилен попис по стандарди на Заев е на штета на Македонија и на сите етнички заедници кои живеат во неа. Планот за попишување само со диктирање на матични броеви и со врзан политички потпис,  во никој случај нема да гарантира реална статистичка слика на населението кое живее во државата, што е суштината на секој попис спроведен според европските стандарди.

Ваквиот закон за попис без општествен консензус е гаранција за поларизирање на граѓаните и несогледливи последици за државата.  Доколку СДСМ клептоманска и криминална  го изгласа законот  на сила, ние како ВМРО-ДПМНЕ  ќе отпочнеме собирање потписи од граѓаните за да го поништиме овој закон и да донесеме сите заедно нов закон.

Последни новости