Јорданов додаде дека додека Македонија се соочува со здравствена и економска криза, власта се дрзнува по скратена постапка да го протурка Законот за попис, со цел да во април да има политичка операција, наместо статистичка.

-Во време кога илјадници наши сограѓани ги губат своите работни места, во време кога илјадници наши сограѓани ги загубија своите животи, илјадници семејства се зацрнија, власта тогаш се дрзнува да се одлучи на еден ваков процес кој што верувајте нема да донесе ништо добро во државата, истакна Јорданов.

Јорданов посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата елаборираше зошто пописот не треба сега да се спроведе.

„За сите законски решенија, па и за пописот ставија европско знаменце и ја скратија постапката во два дена. Што само по себе дава одреден сомнеж. И тука ние во оваа фаза дадовме свои забелешки во форма на амандмани преку кои што сакавме да помогнеме“, појасни Јорданов.

Јорданов рече дека власта не ги усвои забелешките на опозицијата. Законот се донесе без да се има методологија како ќе се одвива самата операција.