Елена Трајчевска е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2007 година. Средно образование заврши во гимназијата “Таки Даскало” во Битола, а дипломира на Правниот факултет при Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола. Трајчевска во 2009 година за прв пат станува член на ОК на УМС Битола и таа е дел од истиот во континуитет до денес. Во 2011 е избрана за член на ИК на УМС како координатор за средношколци и станува потпретседател на Средношколската унија, во ИК останува до 2013 година. Во 2013 година на Локалните избори е избрана за член на Советот на Општина Битола. Во 2013 година е именувана за потпретседател на УМС Битола. Во 2016 година Трајчевска е избрана за член на секретаријатот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и е назначена за потсекретар на пет Општински Комитети. Пред Локалните избори во 2017 година Трајчевска е назначена за ВД претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола, а на Локалните избори повторно е избрана за член на Советот на Општина Битола. Таа одлично го зборува англиски јазик. До сега имала прилика и учествувала на преку петнаесет меѓународни обуки и семинари меѓу кои и во организација на Konard Adrenauer, Jarl Hjalmarson, Robert Shuman Institute и др. Трајчевска е избрана за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на 16.04.2018 година.

Најгоре