УМС на ВМРО-ДПМНЕ со акција за подигнување на свеста за постоење за ретки болести и луѓето со нив, да ги исправиме неправдите

Почитувани, На последниот ден од месец февруари, традиционално се одбележува Светскиот ден на лицата со ретки болести, ден на кој треба да се потсетиме на важноста на важноста на градење а инклузивни општества, прифаќање на различностите и еднаквост на секој еден граѓанин. Нешто што очајно им недостасува на лицата со ретки болести во Македонија. Лицата […]

Read more

На што се симна СДС, од денес се прес служба на ДУИ, ниту една лага нема да го прикрие криминалот на Груби и Ковачевски

На што се симна СДС, од денес се прес служба на ДУИ, ниту една лага нема да го прикрие криминалот на Груби и Ковачевски. Артан Груби треба да каже како неговиот брат се стекнал со дуќан по цена 5 пати пониска од реалната. Од каде половина милион евра за дуќан од 127м2 на ексклузивна локација? […]

Read more

Христовски: Поради неспособноста на МВР и институциите да се справат со дојавите за бомби, 4 месеци се дозволува некој да си игра со судбините на нашите деца

Почитувани медиуми, почитувана јавност Денешната изјава ќе ја започнам со еден цитат: „Никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата. Ова е сензитивна тема и без разлика кој го нарачува сето ова, треба да има на ум дека не може да си игра со системот и со граѓаните на Република Македонија.“ […]

Read more

Коцевски: Спасовски за Командир на граничен премин Ќафасан поставил лице со отслужена затворска казна за криумчарење,  оставка и одговорност веднаш

Почитувани, Oливер Спасовски за командири на гранични премини поставува луѓе со отслужена казна затвор за криумчарење и шверц.За командири на гранични премини, наместо луѓе кои ќе се борат против криминалот се поставуваат луѓе кои се искусни во правење на криминал.Пред само три месеци, на граничниот премин Ќафасан за Командир на граничен премин е поставено лицето Б.А. […]

Read more

Потврдена е коалицијата меѓу клептоманската СДС и уценетата Арсовска, заедно работат на дефокус од скандалите и неспособноста на дезертерот Ковачевски

Клептоманите од дезертерската СДС секој ден ја потврдуваат новата коалиција со уценетата Данела Арсовска. Веќе станува очигледно дека Арсовска има за задача да одработува за дезертерот Ковачевски, да дефокусира од секојдневните скандали, од неспособноста и катастрофалната енергетска и економска состојба во која се наоѓа државата. Коалицијата веќе не ја ни кријат. Взаемно си помагаат, затоа […]

Read more

Мицкоски: Ковачевски во најмала рака треба да биде искрен, да каже дека дезертирал и да се повлече од челното место во Владата

Кога човек ќе се нафати и ќе амбицира и пледира за позицијата претседател на влада, треба да има нешто дадено за државата. Така да во најмала рака мислам дека треба да биде искрен и да каже дека дезертирал и да се повлече од челното место на Владата затоа што во јавноста се појавија две контрадикторни […]

Read more

Мицкоски: Заради неспособноста на власта 2.5 милијарди евра се потребни за Македонија да преживее, тие пари нема да ги извадат ниту Ковачевски, ниту Ахмети, туку граѓаните

Постојат две сценарија. Првото е да не успее и тогаш сите ние да го почувствуваме како физичка појава. И второто е да успее, но тоа да го плати најскапо. Најсиромашната држава неспособноста на владата ќе го плати најскапо, ете тоа е од прилика кое што можеме да го очекуваме, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски […]

Read more

Колев: Во Велес се одвиваат градежни активности на повеќе локации, се изгради детски парк „Дизни“ како и изградба на кејот на реката „Вардар“

Добар ден на сите,Денеска во посета на општина Велес работно е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Заедно со пратеникот и претседателот на Советот бевме на неколку локации кои што општина Велес ги работи, прошетавме низ индустриската зона „УЗУС“ каде што пред само неколку дена  завршивме две улици кои што се многу битни за развојот на […]

Read more

Мицкоски: Марко Колев исклучително добро се справува со енергетската криза и реализира проекти во Велес

Почитувани, Секогаш е задоволство да се присуствува на нови проекти, на реализирани ветувања и навистина не можам да го скријам задоволството. Навистина сум задоволен и среќен од ова што го гледам денеска во Велес, за разлика од тоа што изминатите неколку години се случуваше, односно не се случуваше и покрај тоа што беше ветувано. Убеден […]

Read more

Сметаме дека иницијативата на Андонов е толку безнадежна и безначајна што не вреди посебен коментар, и преставува дефокус на власта од енергетската и економската криза

ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија и партија која ја декласира СДСМ на последните избори. ВМРО-ДПМНЕ води на сите анкети и ја има убедливата поддршка од граѓаните кои бараат промени во власта. Секако тоа го стимулира амбициите на луѓе и поединци кои се насочени исклучиво кон добивање на функции и позиции, а кои откако нема да ги […]

Read more

Ковачки: Бараме оставка и утврдување на деловната способност на Ковачевски, со тоа ќе се утврди дали лажел или е навистина трајно неспособен

Почитувани, Македонија ја води Трајно неспособен премиер или премиер кој лажел и приложил документ за да ја избегне законската обврска за служење на воен рок. Трајна неспособност е состојба која може само да се влошува, а не да се подобрува. Ако состојбата на дезертерот Ковачевски можела да се поправи, тогаш дијагнозата ќе била времено неспособен, а не како […]

Read more