Ангела Тасева е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2014 година, средно образование завршила во гимназијата СУГС “Јосип Броз Тито” во Скопје, а студира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, насока правни студии. Тасева од 2014 година е член на МК “Јане Сандански” како член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.  Од 2016 година е член на ОК Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ. Од 15.02.2016 година е избрана за член на ИК на УМС како координатор на средношколска унија при УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Таа одлично зборува македонски, англиски, српски и бугарски јазик. Тасева има посетено неколку меѓународни обуки и семинари во организација на ЕУ, ИРИ, ДЕМИК, ЕПП, ЈАРЛ, Павел Шатев и Конрад Аденауер. Тасева е повторно избрана за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 16.04.2018 година и член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

Најгоре