Јанушев: Ги поднесовме кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ со кои што ќе издвојуваме победа на 12-ти април

Интегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Само што ги поднесовме кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ, победничките кандидатски листи кои што на изборите на 12-ти април ќе издвојуваат една огромна, убедлива, историска победа за обнова на Македонија.

Со ова практично го завршуваме овој дел од да кажеме пред кампањата, не очекуваат неколку дена каде што ќе ги поминеме пред се во однос на барање на алтернативни начини како да останеме во непосреден контакт со граѓаните притоа секако почитувајќи ги препораките и мерките пред се на Светската Здравствена Организација со оглед на моменталната ситуација во однос на корона вирусот.

Прашање: Ќе ја водите кампањата преку социјалните медиуми и електронските медиуми или преку собири со граѓани?

Одговор: Па како што кажав, бараме алтернативни начини како да останеме во непосреден контакт со граѓаните а притоа нели нормално на прво место ни е здравјето и животот на граѓаните на Република Македонија  и се ќе оди во таа насока како ќе се одвива кампањата. Досегашните мерки и забрани кои што ги имаме во однос на собирите  до 24, тоа е всушност и вториот дел, официјалниот дел на кампањата. Ќе гледаме како ќе се одвива целата ситуација во поглед на тоа ќе одлучиме како понатаму. Во следните неколку дена ќе соопштиме и конкретно што планираме да направиме и секако уште еднаш ќе потенцирам дека целокупните капацитети на партијата, целокупните капацитети на луѓето во партијата  ги ставаме на располагање со се што можеме да помогнеме за полесно да се справиме со ова  што се случува во државата.

 

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....