Ристески:Идната Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на изградба на нов автопат Велес преку Прилеп до Битола

Интегрален текст од изјава за медиуми на Петар Ристески, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Почитувани сограѓани

После 12-ти април Прилеп ќе го добие тоа што долго време се очекуваше и што е од витално значење за економијата и граѓаните од пелагонискиот дел на Република Македонија.

Идната Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обврзува на изградба на нов автопат Велес преку Прилеп до Битола, проект со кој конечно Пелагонија нема да биде слепо црево во државата.

Овој автопат е барање на бизнис секторот и на сите граѓани од овој дел на Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го изгради во својот мандат.

Со ова автопатско поврзување од Прилеп до Скопје ќе се патува за само 1 час.

СДСМ со Зоран Заев и министерот Горан Сугаревски ја стопираа изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско, проект кој го започна минатата Влада и кој конечно требаше да овозможи полесно поврзување со остатокот од државата, но и да се спречат несреќите на овој патен правец кој досега зеде голем број на жртви.

Наместо да се зафатат со работа, Заев и Сугаревски цели 3 години не мрднаа со прст во Прилеп, а сега одново бесрамно  лажат и  ветуваат.

ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува дека покрај изградбата на нов автопат Велес-Прилеп-Битола, ќе се доизгради и експресниот пат Прилеп-Градско, со што ќе се создадат услови за влез на нови инвестиции во Пелагонискиот регион, како и услови домашните компании да ги прошират своите производствени капацитети.

Ова е нашиот пристап пред граѓаните, и ова ќе биде одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во наредните 4 години.

Нудиме конкретни проекти и решенија, многу работа и целосна обнова на државата.

Нудиме нови политики кои ќе се базираат на меѓусебна доверба, разбирање и соработка со граѓанскиот и бизнис секторот.

На 12-ти април Република Македонија расчистува со политичарите од кариера и вели Зоран Заев никогаш повеќе премиер!

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.