Собранието го заврши мандатот со кршење на Уставот се со цел за спас на криминалите на Заев

Соопштение до јавноста

Заев и СДСМ заминуваат од власт како и што дојдоа, со непочитување на Уставот и законите во Република Македонија.

Мандатот го завршија со газење на процедурите, кршење на Уставот и насилничко носење на закони со цел спас на криминалите на Заев и свитата околу него.

Три години граѓаните се сведоци на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет, продадени историја јазик и култура. Три години пазарење со се што е македонско и одземање на иднината на генерациите кои доаѓаат.

Со Заев и СДСМ во Република Македонија три години сите бевме сведоци и жртви на неправди, брутален криминал, „Рекет“, милионски провизии, притисоци, заробено обвинителство и Луј Витон судство.

Правдата која ја ветуваа се претвори во неправда, а наместо законите, со улиците царуваа криминалците кои Зоран Заев ги ослободи од затворите за да шират страв кај македонските граѓани.

Зоран Заев и СДСМ ја претворија државата во најкриминална и најкорумпирана во Европа, а угледниот Економист ја прогласи Македонија за хибриден режим. Со нивниот криминално рекетарски систем на работа не само што не ги отворија вратите на Европа туку се повеќе не оддалечија.

Наместо живот Заев и СДСМ донесоа беда. Откако дојдоа на власт над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а јавниот долг ја премина психолошката граница од 50% од БДП.

Наместо почист воздух и животна средина, Македонија ја направија најзагадена држава во Европа а Скопје еден од најзагадените градови во Светот.

Воедно не сработија ниту еден капитален проект кој ќе значеше развој за државата, ниту пак ги исполнија ветувањата со кои во 2016 ги лажеа граѓаните.

Нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 денари за докторите, нема нови болници, Клиничкиот не го ни започна, нема 500 километри автопат, а нема ни студентски град кој требаше да го изградат уште во првите 6 месеци.

Затоа пак за Заев и неговата криминална банда имаше криминални крвави тендери, рекетирање на бизнисмени, криминални грантови за иновации, непотизам, плантажи за марихуана, матни зделки од стотици милиони и камиони кои возат во РЕК.

Со Зоран Заев и СДСМ Република Македонија и граѓаните изгубија три години на лаги, криминал, неисполнети ветувања, три години без иднина.

Вчера беше денот кога на сето тоа му дојде крајот. Вчера заврши најсрамната и најкриминалната епизода во македонската историја. Заврши времето на порази, погазено достоинство и криминали. Заев и неговата криминална банда си заминуваат и никогаш повеќе да не се повторат.

После 12 април со ВМРО-ДПМНЕ следува обнова на Македонија. Следува време на чесност, работа и одговорност. Доаѓаат подобри времиња,  исправена кичма, чист образ, силна економија и силна држава.

Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе!

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....