Николоски: Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги разгледа можностите за проценување на постапката во Собранието за Законот за ЈО

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето гостување рече дека правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ и правната комисија ќе ги разгледа сите можности за проценување на постапката во Собранието за Законот за ЈО. Имено тој го посочи и следново:

-Јас може да го спoдeлам моето искуство, додека јас бев пратеник ваква работа не се случи одnосно не се случило да закон не биде изгласан и потоа претседател на Собрание да каже ќе го повториме гласањето, ова не важи затоа што не ни одговара. Прв пат јас гледам ситуација во која што законот не е изгласан и се повторува гласањето за 5 миниту . Секако Уставниот Суд е една институција која што мора да се изјасни по однос на оваа работа затоа што немаше јасно изразена волја и не беа постигнати бројките. Доколку постојат и други инструменти денес нашиот правен тим секако дека ќе ги каже.

Потпретседателот Николоски во своето гостување на прашањето во врска со Законот за ЈО односно дека функционери од Брисел велат дека е добро што овој закон е донесен во пресрет на можноста да се добие датум за преговори ги потенцираше следново:

-Било кој функционер надвор од Македонија секако дека ги гледа резултатите, а резултатот е дека законот е изгласан , а каква е содржината за законот е нешто што ќе се цени доколку и ако се отворат преговори. Тие во моментот гледаат дека законот е донесен, честитаат како и за било кој друг договор претходно. Она што ме загрижува во однос на овој дел, мислам дека како што ќе доаѓаат изборите ќе има поларизација на нашите поддржувачи од една страна социјалистите, од друга страна десничарите од Европската народна партија. Тие пораки биле злоупотребувани во минатото, не гледам дека нема да бидат злоупотребувани и во кампањата.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....