Русковска и Јовевски да го сработат сериозно случајот околу инволвираноста на Зоран Заев во Рекет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Вилма Русковска и Љубомир Јовевски сеуште молчат за објавената аудио снимка во Собранието каде што слушајќи го гласот на Зоран Заев признава дека со маркетинг му помагал на Бојан Јовановски да ја финансира 1ТВ.

Зоран Заев исто така молчи за ова признание, што е уште една потврда дека вистината излезе на виделина.

ВМРО-ДПМНЕ со месеци наназад говореше дека Заев е главата на криминалниот октопод кој што се наоѓа на Илинденска ББ во случајот РЕКЕТ. Сега тоа се потврди и целокупната јавност го слушна.

Што треба да се чуе и да се види за да конечно правдата за криминалните индиции го стигне Зоран Заев и конечно Русковска и Јовевски го сработат сериозно случајот околу инволвираноста на Зоран Заев во Рекет?

Да потсетиме дека имаше низ медиумите и вест дека некој му кажал на Боки Јовановски од Владата дека бил пријавен за рекетирање. Кој би можел да му каже друг освен Заев бидејќи самиот Заев бил запознаен со целиот овој случај?

Очигледна е спрегата помеѓу Заев, Боки 13 и Катица Јанева. Единствено ги дели тоа што Зоран Заев не го стигна правдата и не е заедно со нив на обвинителна клупа сеуште.

Пазарџијата Заев за да се спаси сега и да си изгласа закон за амнестија во Собранието преку законот за ЈО распродава граѓански интереси како да се пиперки и корнишони од неговите пластеници.

Почитувани,

Целиот циркус што се случува во Собранието е за да се амнестира Зоран Заев од сопствениот криминал.

По 12 април, правда мора да има и мора да го стигне секого што се огрешил пред законот.

 

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....