Министерката за правда не го бранеше Законот за јавно обвинителство, не е тука за закон за совет за јавни обвинители, ништо не кажуваат, не образлагаат, ни аргументи не даваат, и го понижуваат собранието заменик за локална самоуправа да го брани законот за совет на јавни обвинители, изјави на денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Велјаноски.

Вељаноски запраша како може заменик министер за локална самоуправа го брани законот за Советот на јавни обвинители, како да се дискутира и дебатира со него и што тој знае од тој закон.

Господине Дејан Павлески во законот за совет за јавни обвинители е поврзан со Закон за јавно обвинителство и тој закон за Јавно обвинителство во член 110а една групација се амнестира, друга не. Зошто има нееднаквост? Или важат снимки и материјали за сите или не важат? Зошто селективност?, вели Велјаноски.

Тој истакна дека членот го имаат вметнато за пазар исто како што и законот го сменија за 3 часа, кога министерката за правда излажа дека се работи за техничка грешка, а всушност се достави нов закон.

Овој закон беше доставен во Собрание во понеделник околу 16 часот и ние чекавме додека министерката викаше техничка грешка. Не беше техничка грешка, туку пазар додека не се смени како што бараше ДУИ. Вие го повлековте законот и доставивте нов, штом го повлекувате и носите нов тоа не е техничка грешка“ потенцираше Велјаноски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ниту еден закон нема да спаси никого и дека секој кој мисли дека ќе се спаси од криминалот се залажува.