Богдановиќ да одговори до каде е ветената 7 метарската кула за прочистување на воздухот

Интегрален текст од изјава за медиуми на Антоанета Трајковска

Почитувани,

Во збирката лажни ветувања наречена „За Живот“, Саша Богдановиќ на центарци им вети дека ќе изгради револуционерен патент за прочистување на воздухот „The Smog Free Tower“. Овој патент според Богдановиќ имал за цел да исчисти 30.000 m/3 (метри кубни) и прочистување на воздухот од 75% за конечно жителите на Центар да почнат да дишат чист и поквалитетен воздух. Помина повеќе од половина мандат на Богдановиќ, а ваква кула нема. Уште еден доказ дека СДСМ пред избори ветува, буквално кули и градови, а после нема никаква реализација.

Богдановиќ мора да одговори пред центарци до каде е изградбата на 7 метарската кула, каде ќе биде нејзината локација и кога ќе биде таа ставена во функција?

Почитувани,

Очигледно лесно било овој проект Богдановиќ да го препише од интернет, ама за жал тешко му е да го реализира се уште. Центар и понатаму е една од најзагадените општини во Македонија, но и во Европа. Со право центарци очекуваат Богдановиќ да го направи тоа што го ветил.

Инаку јавноста треба да знае дека вакви кули се инсталирани во Ротердам, Пекинг, Краков и на други места и значајно е да се каже дека тие кули одлично ја завршуваат својата работа.

Очекуваме Богдановиќ да си ги исполни ветувањата кои им ги даде на граѓаните на Центар и конечно да почне да ги реализира проектите за кои што беше избран.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...