Зоран Заев разоткриен, главата на октоподот излегува на виделина

Соопштение до јавноста

Крајот на СДСМ се ближи.

Главата на октоподот излегува на виделина.

Во снимката која што беше објавена во јавноста може да се слушне како аболицираниот криминалец Зоран Заев признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е главно осомничен за „Рекет“  заедно со Катица Јанева.

Во снимката Зоран Заев вели дека помошта била во пари поточно околу маркетингот на телевизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот кој е поврзан со изградбата на старски домови кои што беа дел од онаа невладина организација „Меѓународен Сојуз“.

Наместо СДСМ да ги манипулира граѓаните, редно време е да одговори за аферите кои произлегоа, а вмешан е Зоран Заев и половина од нивното раководство.

Решението граѓаните на Република Македонија веќе одамна го знаат, а тоа е дека Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власт и никогаш да не се вратат.

Граѓаните знаат дека кога СДСМ е на власт, Македонија тоне на секое поле.

Нема закон кој СДСМ и Зоран Заев не го прекршија и тоа не ги избавува од одговорност. На 12-ти април Зоран Заев и СДСМ нема да побегнат од одговорност и ќе одговараат пред лицето на правдата.

Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....