Мицкоски: СДСМ ќе беше најсреќна да излезевме од Собранието за да им поминат лесно сите штетни закони

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во телевизија „Алфа“ детално елаборираше зошто најголемата опозициска партија не го напушти Собранието на Република Македонија. Тој истакна дека доколку денес ВМРО-ДПМНЕ го напуштеше Собранието, не само законот за обвинителство туку и сите оние останати штетни закони кои носат пари за фамилијата Заев ќе биле експресно изгласани. Како пример Мицкоски го напомена Законот за марихуана.

-Вчера имавме состанок на ИК на партијата кој што беше најавен еве да речеме од една моја изјава после состанокот со комората „Масит“ и разговаравме за тековните проблеми. На прес конференција на прашање на еден од присутните новинари кои се чекорите на ВМРО-ДПМНЕ, јас реков дека не ја гледам суштината не ја гледам навистина потребата од активно учество во рамките на парламентот од денес натаму бидејќи денес беше денот кога тоа требаше да се распушти. Во тој момент медиумите кои што важат за блиски до СДСМ имаа насловна која што велеше, ВМРО-ДПМНЕ го напушта парламентот. Најсреќен ќе беше Зоран Заев да го напуштевме ние денеска парламентот, сите оние закони за марихуана ќе си поминеа. Најсреќен тој ќе беше ние вчера да завршевме со изјава после ИК на партијата дека го напуштаме парламентот. Сите верувајте денеска на брза трака ќе влезеа сите закони, не закон за обвинителство туку оние закони кои ќе донесеа пари во фамилијата, вели Мицкоски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.