Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање: Законот за јавно обвинителство нема да го поддржите, дали ќе го поддржите Законот за одбрана?

 

Одгoвор на новинарско прашање: Ние нашиот став го кажавме, дека Законот за одбрана е закон кој што е спротивен на интересите на државата и апсолутно не кореспондира со потребите на државата. Ние реалноста како што гледате не ја игнорираме, но истовремено нова реалност нема да создаваме  во оваа држава. Така што доколку парламентарното мнозинство сакаше тој закон да биде подржан, знаеше како амандмански треба да интервенира  во делот на преименување на Армијата, така што доколку тоа се случи, зошто да не, ќе го поддржиме.

 

Новинарско прашање: Пратеникот Антонио Милошоски денеска на Собраниска расправа на комисијата за европски прашања пушти аудио снимка за која што најверојатно е гласот на екс премиерот Заев и обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски. Што според вас е скандалозно во таа снимка што беше пуштена во Собрание?

 

Одговор на новинарско прашање: Искрен да бидам немав можност, бидејќи бевме тука на состанок во детали да се посветам на тоа што беше објавено во рамките на таа собраниска или комисиска расправа. Но, од она што успеав да го прочитам кратко пред ова средба со медиумите е дека практично се слуша гласот на поранешниот премиер, како практично  објаснува дека го советувал лицето, осомничениот во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски  и го прашува како ја финансира  телевизијата, па овој му кажува како ја финансира телевизијата. Од друга страна практично, од она што успеав да го прочитам се оние средства кои што беа префрлени ако се сеќаваме добро од еден бизнисмен за изградба на старски домови кои што беа дел од онаа невладина организација „Меѓународен Сојуз„. Кога беше истрагата за таа организација јас не го слушнав името на советодавачот, во случајов тоа е поранешниот премиер господинот  Заев. Како што успеав исто така од транскриптот да прочитам,  видов дека практично таму лицето кое што велите вие дека е поранешниот премиер, господинот Зоран Заев кажува како ја помагаат таа телевизија преку определени донации како маркетинг услуги што коренспондира со она што пред неколку месеци самиот тој изјави дека таа провладина телевизија практично гледаме дека полека, полека работите излегуваат на виделина и конечно на крај од она што можам да заклучам е дека полека, полека но сигурно, доколку навистина обвинителството сака да дојде до главата на октоподот, нејзината слика веќе јасно се гледа. Но, доколку не сака повторно ќе не можат јасно да ја видат сликата на главата на октоподот.

 

 

Новинарско прашање: Ваш став околу барањето на Спасовски за разрешување на Мизрахи?

 

Одговор на новинарско прашање: Видете, во услови  кога имаме една дузина  луѓе соработници на Оливер Спасовски за кои што постои сомнеж за сторен криминал или некако се поврзуваат со сторен криминал,  ние да зборуваме за предлог на господинот  за Спасовски за разрешување на Рашела Мизрахи навистина, ниту е принципиелно, ниту пак е  согласно Закон за влада, особено сега кога станува збор за 60-тина дена до гласање на предвремените парламентарни избори. Би апелирал за разум, за достоинственост, свесни се дека губат, јас ја разбирам нивната нервоза знаат дека одговорност следи после 12 април. Нема потреба од ваква нервоза бидејќи граѓаните се тие кои што на крајот од денот сите овие политички гимнастики кои се обидуваат овие сценаристи да ги креираат негативно им влијаат. Така што ја користам оваа прилика до господинот Спасовски да апелирам да се воздржи од било какви политички маневри, слугувања на СДСМ и да го гледа државниот и националниот интерес и свесно да не ја внесува државата во едно политичко тешко сценарио, затоа што 60-тина дена има до денот на гласање, колку толку да има  елементарни услови за денот на 12 април да има пристоен избирачки ден.

 

Новинарско прашање: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот, дали мислите дека овој обид за разрешување на Министерката Мизрахи ќе го развлече распуштањето на Собранието ?

 

Одговор на новинарско прашање: Навистина не можам да ги коментирам овие политички гимнастики дополнително од ова што веќе го кажав. Чесно е денеска да соберат храброст, да се соберат парламентарното мнозинство и како што сме се договориле така и да биде испочитувано и да биде распуштено парламентарното мнозинство. Јас многу пати во минатото зборував еве и денеска ќе го повторам тоа, ако пракса стане кршење на законите , времето во оваа држава ќе се мери до денот кога Заев во 21 век стапил на функција и денот после Заев кога ја напуштил, затоа што направени се многу преседани, прекршувања на закони процедури итн, не е добро ниту за држава вака по пат на насилство да се туркаат работите. Политички договор постои и треба да се почитува. Сите оние кои што се плашат да го почитуваат политичкиот договор порано или покасно ќе се соочат со одговорноста. што и да прават, оваа работа со вакви политички гимнастики нема да заврши, ќе заврши со голем пораз на СДСМ, Зоран Заев, Оливер Спасовски и останатите таму, а после поразот следува одговорност.

 

 

 

Новинарско прашање: Од една страна не го почитувате договорот од Преспа и новото име на државата, но од друга страна пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за протоколот за НАТО под името на Северна Македонија, не е контрадикторно?

 

Одговор на новинарско прашање: Воопшто не е контрадикторно, ние сме зрела  политичка партија која што се грижи за интересите на граѓаните и државата. Ние рековме дека ние сме биле и сме против договорот од Преспа кој што создаде една друга реалност како резултат на капитулантските политики на тогашното раководство во оваа држава. Кога би биле ние како нив тогаш би биле деструктивни. Ние велиме, не, таа реалност е таа, но нема да создаваме нова реалност која што ќе биде резултат на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, наше  демократско право е и никој не може да ни гои забрани тоа право во 21 век, да се бориме таа неправда која што е резултат на тој договор да ја исправиме. Дали ќе успееме не знам, времето ќе покаже. Ќе бидеме сведоци и можеби повторно ќе го коментираме сето тоа. Но ние реалноста не ја игнорираме, она кое што било потреба на ВМРО-ДПМНЕ и во рамките на статутот на партијата, заложба со децении наназад била оваа држава да ја видиме еден ден членка на НАТО алијансата и Европската Унија. Ние ги исполнивме сите критериуми, услови достоинствено и пристојно да  бидеме дел од НАТО алијансата и да отпочнеме преговори со ЕУ уште во 2009 исправени достоинствени. Жалам и тажно е што подведени,омаловажени и како што би рекол овој екс премиер со наведната кичма моравме моравме вчера да се доведеме во една ваква ситуација. Но, како што кажав реалноста не ја игнорираме, нова реалност нема да создаваме, а ќе се бориме се што е во наша моќ оваа реалност да ја промениме. Тоа е наше право кое што ни го гарантираат сите одредби на Обединетите нации, тоа е наше право кое што ни го детерминира интересот на нацијата и интересот на државата.

 

Новинарско прашање: Уште едно прашање во оваа насока, имаше денеска обвинувања од страна на СДСМ дека вие сте биле единствениот кој не аплаудирал на ратификацијата и дека не сте се радувале.

 

Одговор на новинарско прашање: Да бидеме сериозни навистина. Ова се сериозни времиња, да одговараме на другиве теми.

 

Новинарско прашање: Неодамна на прес конференција изјавивте дека ако денеска не се распушти Собранието, дека ќе има политичка криза и во тој контекст, еве денеска собранието не се распушти кои се натамошните чекори на ВМРО-ДПМНЕ, дали можеби планирате да излезе од собрание, на улица?

 

 

Одговор на новинарско прашање: Па, јас навистина не го гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на парламентот. Во текот на денешниот ден ќе имаме извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде информирана благовремено со следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ.

Новинарско прашање: Може ли малце подетално. Ратификацијата за Северна Македонија е во ред, името не е во ред и Преспанскиот. Значи што ќе преземете доколку победите на избори и ја формирате владата?

 

Одговор на новинарско прашање: Па, еве ќе ви кажам која е насоката. Реалноста во оваа држава е огромното количество на криминал и корупција која што ни се случува. Сто и шести сме на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси Интернешнал. Исто така, реалност во државата е одливот на мозоци од оваа држава, и една од водечките сме. Исто така, реалност е дека сме хибриден режим според Економист, исто така реалност е дека имаме пад од 5.9 проценти на индустриското производство. Исто така, реалност во оваа држава е насилничкото однесување на парламентарното мнозинство, кое на договорен датум за распуштање на парламентот, парламентот не се распушта. Исто така, реалност е еве денеска што се случува во рамките на парламентот да гледаме јасно кој е главата на октоподот за криминалниот случај Рекет. Реалност е и дека ВМРО-ДПМНЕ е дел од собранието во оваа држава која ја има новата придавка, како и дел од институциите кои ја имаат таа нова придавка, кои што се резултат на капитулантските политики, должничко-доверителски на Зоран Заев и СДСМ. И сите овие реалности ние нема да ги игнорираме, туку ќе ги прифатиме и истите тие реалности ќе дадеме се од себе да ги промениме. Тоа е она што сакав да го кажам. И ќе се бориме да ги промениме. Тоа е наше елементарно право и тоа им го должиме на граѓаните.

 

Новинарско прашање:А со Преспанскиот што ќе промените?

 

Одговор на новинарско прашање: Истото она кое што ќе се бориме со перцепцијата на корупција да не бидеме на 106-тото место, да бидеме во првата третина. Истото со тоа да не бидеме повеќе хибриден режим, да не ни се случуваат Бојан Јовановски и Рекет, да не ни се случува Луј Витон судство и Сваровски обвинителство, исто така и против она што ни се случуваше евро за евро, и како она со плантажите за марихуана, да не ни се случуваат.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.