Мицевски: Џафери да закаже седница за распуштање на Собранието

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара денес, господинот Талат Џафери да закаже седница на Собранието на Република Македонија со една и единствена точка на дневен ред, а тоа е распуштање на Собранието согласно договорот што беше постигнат од политичките партии за одржување на предвремени парламентарни избори на 12 април оваа година.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе поднесе Предлог на Одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија на 5 – ти февруари и бараме истата денес да биде ставена на одлучување пред пратениците.

Одлуката беше поднесена поради се по очигледните обиди на СДСМ  да проба да избега од договорените избори иако сите услови за одржување на предвремени парламентарни избори се исполнети.

Од друга страна, сведоци сме на обиди од страна на СДСМ и Зоран Заев да поставуваат некакви нови услови кои што не се воопшто поврзани со одржувањето на изборите.

Исто така сакаме да го потсетиме господинот Талат Џафери дека токму тој кажа дека Собранието мора да се распушти на 12 февруари со што би се испочитувале роковите предвидени со законот и Уставот.

Џафери беше дециден во своите изјави и напомена дека дури ако треба тој како пратеник ќе поднесе предлог за распуштање на 12 февруари.

Еве денес, на 12 февруари единствено што бараме е да остане доследен на своите изјави, да закаже седница на Собранието да ја ставиме предлог одлуката за распуштање која што ја поднесовме.

Во спротивност ќе и биде јасно на целокупната македонска јавност дека ова парламентарно мнозинство манипулира со граѓаните и дека се обидува да избега од договорот кој што беше постигнат од политичките партии.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....