СДСМ да запре со приватизацијата на хотелите на Попова Шапка на два месеци пред избори

Интегрален текст од изјава за медиуми на Ивица Томовски

Почитувани,

Власта го раскрчмува имотот на АД ЕЛЕМ. Управниот одбор на претпријатието на 17 декември 2019 година донел Одлука за објавување на оглас за продажба на хотелите на Попова Шапка, хотел Славија и хотел Попова Шапка.

Со одлука на раководството на АД ЕЛЕМ и СДСМ се распродава милионски имот сопственост на АД ЕЛЕМ, а со тоа и на граѓаните на Република Македонија.

Почитувани,

СДСМ е во паника од неминовниот изборен пораз на 12 април и затоа пристапува кон приватизација на се што е вредно. На начин како што тоа го правеа во минатото.

Туристичкиот комплекс Попова Шапка е од огромно значење за Република Македонија и со него СДСМ не смее да се однесува со невнимание и желба за личен профит за себе и свои блиски луѓе.

Туристичкиот комплекс Попова Шапка има сериозен потенцијал за развој и со него треба да се управува со посебно внимание и стратегија.

Ја повикуваме власта, да не се осудува да го става на продажба имотот на државата на Попова Шапка на два месеци пред избори, без никаков план и стратегија.

Попова Шапка е туристички центар кој треба да се развива, а не да се уништува. Потенцираме дека било каква одлука во насока на продажба на хотелите Славија и Попова Шапка ќе подлежи на ревизија по 12 април. И за сите кои невнимателно се однесуваат со државниот имот ќе има санкции и одговорност.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.