Николоски: Со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ ја враќаме политиката на ниски и рамни даноци

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи во емисијата на ТВ Алфа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ изготвува реална програма со реални мерки кои ќе овозможат подобар живот на граѓаните.

-Тука е и сетот на економските мерки кои што ги презентираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и кои ветуваат далеку подобар живот и постабилна економија во нашата држава. Во исклучителна напредна фаза сме и за неколку недели ќе ја презентираме нашата програма. Делови како делот од економијата веќе почнаа да излегуваат во јавноста. Ја враќаме политиката на ниски и рамни даноци. Политика која што донесе отворање на многу работни места и зголемување на обртот на компаниите. Очекуваме уште поголем ефект да има сега затоа што прво зголемувањата кои што ги направија СДСМ од 10, 15, 18% ги враќаме на 10% и за персоналниот данок и за данокот на добивка. И истите планираме да ги намалиме на 9% во првите 100 дена и на 8% до 2022 година, заклучи Николоски.

Николоски додаде дека тоа ќе значи сериозно олабавување на бизнисот и повеќе пари да останат во македонското стопанство и да можат да се вртат тие пари.

-И да се создава профит и да се отворат нови работни места. Многу значајно за младите е вработување на млад човек и нема да ги чини во персонален данок ништо работодавачот без разлика на кој временски период се вработува. Понатаму планираме да ги стимулираме младите кои што самите ќе отвораат бизниси преку ослободување од значаен дел или целосно даноците зависно од обемот на бизнисот кој што ќе го имаат, истакна Николоски.

Николоски појасни дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ се предвидува зголемување на платите реално не вештачки како што е пракса на СДСМ.

– ВМРО-ДПМНЕ предвидува зголемување на платите за 25%, а пензиите за околу 20%. Исто така тука е предвидено и домашни и странски инвестиции за 4 години во вредност од 4 милијарди евра. И ќе се очекува раст на БДП секоја година за 4% што ќе овозможи голема релаксација во Македонија во делот на економијата, рече Николоски.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....