Томовски: Дали ЕЛЕМ Турс останува без работа, за брат на висок функционер на СДСМ да земе 2 милиони евра бизнис?

Почитувани,

СДСМ и Васко Ковачески го носат АД ЕЛЕМ во пропаст.

Ковачески е на пат да го затвори ЕЛЕМ Турс, фирма ќерка на АД ЕЛЕМ, која храни 200 семејства, со цел да овозможи 2 милионски бонбона бизнис на негови сопартијци.

Доделувањето на тендерот вреден милиони е пред крај. ЕЛЕМ Турс ќе остане без работа, а 200 семејства без егзистенција.

Желбата на власта да се овозможи профит на поединци ќе го остави ЕЛЕМ Турс без работа. Доколку Ковачески се грижеше за имотот на претпријатието и неговите вработени, немаше да распишува тендер, а оброкот за вработените во РЕК Битола и Осломеј ќе ја вршеше ЕЛЕМ Турс, впрочем како и до сега.

Очигледно е дека на Ковачески не му е грижа за 200 вработени во ЕЛЕМ Турс.

Го прашуваме Ковачески, дали ЕЛЕМ Турс останува без работа затоа што 2 милионскиот бизнис со храна во АД ЕЛЕМ треба да го земе фирма во сопственост на брат на висок функционер на СДСМ од Битола?

Дали бизнисот на блиските до Ковачески е поважен од опстанокот на 200 семејства?

ВМРО-ДПМНЕ го следи процесот на раскрчмување на АД ЕЛЕМ и за тоа ќе има одговорност.

Оттука уште еднаш го повикуваме раководството на АД ЕЛЕМ да не го жртвува ЕЛЕМ Турс и да го поништи тендерот.

Никој не смее да се богати на грбот на работниците и граѓаните. Сите злоупотреби завршуваат на 12 април.

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.