Николовска: Дескоска дава стипендија за ќерката на Димитров, Димитров ја предлага Дескоска во Венецијанска комисија

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска

Почитувани,

Рената Дескоска продолжи со прекршување на законите. Дескоска е незаконски номинирана за претставник на Македонија во Венецијанската комисија.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција заради номинирањето на Дескоска во Венецијанска комисија.

Членот 2 став 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси вели „Под судир на интереси се подразбира состојба во која службено лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасно вршење на неговите јавни овластувања и службени должности“.

Заради ова, очекуваме во најбрз можен рок, антикорупционерите да го разрешат овој случај на судир на интереси.

Индикативно е следново, практично предлогот во Венецијанска на меѓународно ниво го доставува МНР на Никола  Димитров, откако тука се самопредложи Дескоска кај Заев.

Дали ова значи враќање на услугата од страна на Димитров кон Дескоска, затоа што Дескоска и даде стипендија во Холандија на ќерката на Димитров кога беше министер за образование и тоа во висина од над 40.000 евра?

Состојбата на судир на интереси е создадена во моментот кога МНР ја известува венецијанската комисија за номинирањето на Десковска. Десковска доколку ги почитувала законите требала да се повлече од една од двете функции.

Впрочем и статутот на венецијанската комисија налага независност и забрана нејзините членови да примаат инструкции од надвор. Тука пред се се мисли на државите од кои што тие доаѓаат.

Ваквите скандали и афери со кои се нарушува меѓународниот углед на Република Македонија мора да запрат и ќе запрат на 12 април. Институциите мора да се ослободат од притисокот на Зоран Заев и да одлучуваат исклучиво врз основа на закон. На 12 април граѓаните ќе стават крај на хибридниот режим. Зоран Заев, никогаш повеќе.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...