Рената Десковска е незаконски номинирана за претставник во Венецијанската комисија

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска

Почитувани,

Рената Десковска е незаконски номинирана за претставник на Република Македонија во Венецијанската комисија.

Само за да ја згрижи по поразот кој го чека на претстојните избори, Зоран Заев прекрши и закони и меѓународни прописи во врска со судир на интереси.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција поради скандалозното номинирање на Рената Десковска во Венецијанската комисија.

Бараме антокорупциската комисија ургентно да преземе законски дејствија за отстранување на состојбата на судир на интереси која е очигледна во случајот.

Имено, со конкретните дејствија целосно е нарушено начелото на интегритет, а извршувањето на службените обврски е сведено на приватен однос што претставува основно коруптивно поведение.

Доколку ова не ги исполнува сите елементи на судир на интереси, тогаш подобро е да ги избришеме овие одредби од законите.

Поконкретно, членот 2 став 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси вели – „Под судир на интереси се подразбира состојба во која службено лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања и службени должности“.

Состојбата на судир на интереси е создадена во моментот кога МНР ја известува Венецијанската комисија за номинирањето на Десковска. Десковска доколку ги почитувала законските одредби требала да се повлече од една од двете функции.

Впрочем и статутот на Венецијанската комисија налага независност и забрана нејзините членови да примаат инструкции од надвор. Тука пред се се мисли на државите од кои што тие доаѓаат.

Како Десковска може да биде независна кога таа ја спроведува владината политичка агенда и учествува во голем дел од законските решенија предложени од владата кои може да се најдат пред комисијата.

Затоа антикорупциска мора да постапи во најкус можен рок и да се повика на Законот за судир на интереси кој вели дека – „Правните акти што се резултат на корупција или судир на интереси или се донесени, односно склучени заради корупција, односно во состојба на судир на интереси се ништовни“.

Ваквите скандали и афери со кои се нарушува меѓународниот углед на Република Македонија мора да запрат и ќе запрат на 12-ти април. Институциите мора да се ослободат од притисокот на Зоран Заев и да одлучуваат исклучиво врз основа на закон. На 12-ти април граѓаните ќе стават крај на хибридниот режим. Зоран Заев, никогаш повеќе.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.