На средбата со Регионална Стопанска Комора ги презентирав дел од мерките кои што ќе бидат опфатени во програмата „Обнова на Македонија“

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Кавадарци како дел од теренските активности ВМРО-ДПМНЕ т.е. „Обновата пред вашиот дом“ и „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вашиот град“ разговаравме со претставници од Регионалната Стопанска Комора од овде од Кавадарци.

И презентиравме дел од мерките кои што ќе бидат опфатени во програмата „Обнова на Македонија“ за следните предвремени парламентарни избори.

Посебен акцент ставивме на мерките што подразбираат намалување на данокот, персоналниот данок практично она кое што во текот на вчерашната прес конференција и го соопштивме на македонската јавност. Но и претходно кое што го комунициравме на состанокот со Стопанската Комора на Македонија во Скопје.

Од 10 прво во првите 100 дена на 9%, па потоа на 8%, тука е мерката ослободување на оданочувањето од персонален данок на доход на младите до 29 години. Потоа оние цели на макро економски план, стратешките приоритети кои што ќе бидат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после победата на предвремените парламентарни избори.

Она кое што го добивме како повратен ефект од страна на претставниците на реалниот сектор е навистина  поздравувањето за овие мерки, предвидливоста во политиките кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги води во периодот кој што следи, на даночните политики, политиките во рамките на Собранието, оние генерални политики бидејќи не сакаат ад хок законски решенија по скратена постапка.

Генерално тоа беше темата на денешниот состанок, би го окарактеризирал како исклучително успешен и корисен за нас.

Прашање: Очекувате ли оваа недела да биде распуштено македонското Собрание?

Одговор: Да во среда очекувам да биде распуштено македонското Собрание. Како што се договоривме на оној состанок кај претседателот на државата, господинот Пендаровски. Очекувам сите политичари да си стојат на договореното.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....