Мисајловски: Сакам младите да останат во Македонија и затоа ставаме акцент на економијата

Во емисијата„Трилинг“ на 24 Телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски посочи дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реална, нема да има популистички мерки, тоа е одлика само на СДСМ. Власта вети се и сешто но ништо не исполни, а заради тоа граѓаните ќе ги казнат на избори.

-Јас морам да бидам искрен и целосно ќе кажам дека најбитните работи за граѓаните се економски. И економијата е во прв план. Ќе ставиме голем акцент на економијата, бидејќи сакаме децата наши да останат тука во Република Македонија. Ако нашата работна и квалификувана сила си замине од Македонија, што тогаш со нашата држава, запраша Мисајловски?

Мисајловски додаде дека пред извесно време ВМРО-ДПМНЕ заедно со економскиот тим оствари одлична средба со Стопанската Комора која што траеше околу 3-4 часа. Имаше многу критики нои и позитивни работи. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија мора да ги разгледа позитивните и негативните работи и да создаде мерки кои ќе помогнат на граѓаните на Република Македонија. Тука се пониски даноци, стимулирање на компаниите да имаат добар и квалитетен производ, дури и намалување на процедурите на сите оние кои што се засегнати итн.

За брзо време сите ќе бидете сведоци на една голема и убава програма. Но морам да потенцирам дека таа програма ќе биде реална. Ние нема да ветиме 500 километри автопат бидејќи тоа е невозможно да се направи за 4 години. Вие гледате дека изминативе три години не само што не започнаа еден километар, туку тие потпишаа за 2 километри и уште нема започнато. Многу работи што ги ветија се измислици и граѓаните ќе ги казнат за тоа, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.