Василевска: Власта сака по неуспешното СЈО да создаде Закон за ЈО во паничен обид зада ги заштити своите пулени кои направија сериозни кривични дела

Професорката на правниот факултет и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска, вечерва во „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа истакна дека по примерот на СЈО власта сака да создаде повторно закон за ЈО по нивна мерка, станува збор за паничен обид на власта за да ги заштити своите пулени.

-Експертите треба да создадат експертски закон со нивниот углед, кредибилет и искуство, не може политиката да одлучи за правдата, тие треба да направат системски закон кој ќе ја устрои обвинителската област. Ова е паничен обид на власт за да ги заштитат нивните пулени коишто вршеја сериозни кривични дела, вели Василевска.

Таа истакна дека доколку се прашуваше ВМРО-ДПМНЕ избори ќе имаше веднаш по лидерската средба, но Заев беше тој којшто преговараше за да се пролонгира процесот до 3-ти јануари па се оправдуваше со формирањето на шпанската влада и влегувањето во НАТО.

-Голема лага е онаа што ја лиферува власта, а пред една година ВМРО-ДПМНЕ посочивме дека треба да ја консултираме Венецијанската комисија, но на нив им требаше спас на СЈО и требаше да го изиграа процесот кој што тогаш го направија, плативме милиони за создавање на монструмот СЈО и видовме дека тоа било едно добро сценаријо што видовме како заврши. И сега сакаат истиот процес да си продолжи со истите луѓе, а тоа е надвор од секоја правна логика. Тоа обвинителство создаде една правна несигурност и ние не можеме на истиот начин со неправни средства како што сака министерката за правда да протурка за новото ЈО, тоа на долг рок повторно е неодржливо и ќе создаде политичка неправда, вели професорката Василевска.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.