Мисајловски: Обновата доаѓа насекаде во Македонија, граѓаните заслужуваат подобра иднина, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го ветува

Интегрален текст од изјава за медиуми на Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска имаме една убава прилика и можност да сме во Бутел. Доста граѓани дојдоа на оваа средба што мене навистина ми е драго да разговараме за обновата што доаѓа, за исте мерки кои ВМРО-ДПМНЕ планира да ги стави во програмата која набрзо ќе излезе и ќе ги опфати сите категории на граѓани, односно во сите сфери на општеството ќе биде таа програма присутна.

Драго ми е што доста непартиски луѓе дојдоа тука, луѓе кои што навистина си ги кажаа своите маки, дадоа критики, но и дадоа многу убави сугестии и ни дадоа ветер во грб како да продолжиме понатака. Обновата доаѓа насекаде во Македонија, добро е овие средби што ги правиме се почесто, раководството на ВМРО-ДПМНЕ е постојано на терен и ќе продолжи да биде на терен. Набрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада, набрзо народот нека биде подготвен да се приклучи целосно кон ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи крајната цел е да ја обновиме Македонија и да направиме силна и просперитетна држава.

Се ова што го правиме на терен нека биде лекција за сите нас дека има доста граѓани кои што имаат свои проблеми и треба тие проблеми да им ги решиме. Партиите се за граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ ќе остане народна партија, ние ќе продолжиме на терен, ние ќе продолжиме да се гледаме со сите луѓе. Се разбира и со луѓе од партијата, но и со многу луѓе кои што доаѓаат непосредно да се приближат. Ќе бидат отворени овие средби за секој еден да дојде да го каже своето мислење, а се разбира тоа ние утре да го направиме, Тој проблем нивни или сугестија да го направиме подобро нешто, односно да ги решиме тие проблеми.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ е бренд, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со работа на терен, затоа што граѓаните на Република Македонија заслужуваат многу проекти, заслужуваат подобра иднина, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го ветува.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....