Мисајловски од Куманово: Победата на ВМРО-ДПМНЕ е блиску, а кумановци ќе ја почувствуваат обновата

По промената на власта во април, најголемата општина во Република Македонија, убавото Куманово ќе го добие заслуженото внимание од новата влада која ќе биде предводена од ВМРО – ДПМНЕ.

Неспособноста на СДСМ е највоочлива тука, каде што со години ја држат локалната власт, а особено во последните три години кога и централната власт е предводена од СДСМ.

Дури и кога владата ја предводи нивни сограѓанин, кумановци не може да се израдуваат со инвестиција од централната власт.

Обновата на Македонија ќе стигне и тука, каде што потребата од промени и многу работа е неопходна. Проектите, мерките и инвестициите во сите области ќе бидат императив за владата.

Куманово ќе биде во фокусот на новата влада и таа ќе биде сериозен партнер на граѓаните од оваа општина.

Во Куманово победува обновата – напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.