Мицкоски од Кочани: Државата не треба да биде пречка за бизнисот, државата треба да го стимулира бизнисот

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска сме во Кочани и ја продолжуваме нашата активност после посетите во Прилеп, Радовиш, Гевгелија, Велес. Согласно планот разговараме со бизнис секторот, разговараме со реалниот сектор.

Вчера имавме посета и на Стопанската Комора, денеска практично се надоврзува посетата на состанокот од вчера што го имавме со Стопанската Комора, овде во конфекцијата „Алекс“.

Државата не треба да биде пречка за бизнисот, државата треба да го стимулира бизнисот. Затоа што без реален и функционален сектор ние ќе ја немаме ниту пак реално функционално државата на располагање, и услугите кои што ги нуди државата се разбира.

Мора да водиме предвидлива политика од аспект на фискалната политика, но и исто така она кое што најмногу им пречи на бизнисмените на реалниот сектор, носењето на закони кои што не биле најавени или закони кои што се носат како ад хок решенија по скратена постапка.

Тоа што како ВМРО-ДПМНЕ и вчера го истакнавме, еве и денеска овдека во Кочани е дека политиката, фискалната политика, даноците ќе бидат предвидливи и реалниот сектор ќе може да ги планира и своите вложувања. Но, и ќе може да го планира својот профит во насока на зголемување на бројот на вработени, зголемување на инвестициите.

Истовремено ќе се обврземе пред бизнис секторот сите оние законски решенија кои што ќе се носат, да се носат после исцрпна дебата со реалниот сектор но и со други целни групи кои што ќе бидат тие закони наменети. Нема да бидат ад хок решенија и нема да бидат решенија кои што практично ќе се носат во една избрзана и еднострана процедура во рамките на Парламентот.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....
<