Мицевски: Градоначалниците од СДСМ не разговараат на улица без процент

Во вечерашната емисија „24 Анализа” на Телевизија 24 пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски упати жестоки критики до неговата колешка од редовите на СДСМ, Јагода Шахпаска критикувајќи ги градоначалниците на СДСМ.

-Колешке излезете прашајте ги граѓаните, вашите градоначалници не разговараат на улица без процент, прашајте ги граѓаните колешке еве кај вас во вашата средина, ќе ви кажат тие, нагласи Мицевски.

Мицевски во понатамошната дискусија истакна дека главен аргумент на СДСМ им било тоа што СДСМ поднеле 300 кривични пријави кон претходните градоначалници.

Тој исто така нагласи и дека после 12 април граѓаните ќе имаат можност да го видат владеењето на градоначалниците од СДСМ.

-Колешке Шахпаска, ги ослободивте минатата година за 50 милиони евра општините за долгови кои што биле направени, како што вие велите, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, но 25 % се зголемени обврските на истите тие општини за оваа година, има општини каде од 31 евалуирана општина 16 општини имаат зголемување на обврскте на истите тие градоначалници минатата година на кои им дадовте 50 милиониевра од 200 до 470 % повеќе зголемување на обврските, заклучи Мицевски.

Мицевски исто така ја критикуваше Шахпаска и заради законот кој дополнително го барале за репрограмирање на долгови на јавните претпријатија поради тоа што како што изјави тој за да се луксузираале директорите и порача дека може дополнително да ги достави сметките за тоа како јаделе и пиеле функционерите од СДСМ.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....