Николоски и Милошоски на средби со сенаторите Ли и Моран и Конгресмените Дојл и Клајн

Соопштение до јавноста

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и претседателот на комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски ја започнаа својата работна посета на Вашингтон САД.

Во Вашингтон остварија работната средба организирана од сенаторот Мајк Ли од Републиканската партија и конгресменот Мајк Дол од Демократската Партија. Исто така имаа и  работна вечера со сенаторот Џери Моран Бен Клајн двајцата претставници на Републиканската Партија во САД. Главни теми на состанокот беа зацврстувањето на политичката, трговската и безбедносната соработка на САД со земјите од Југоисточна Европа, како и потенцијалите на Македонија во остварувањето на овие заеднички цели.

Николоски и Милошоски на средбите информираа за состојбата во Македонија при што истакнаа дека во Република Македонија корупцијата цвета, а економијата тоне. Слабата реализација на реформи и слабата борба со криминалот и корупцијата ја уназадуваат Македонија и државата изгуби три години со Заев и СДСМ. На средбата беше заклучено дека борбата со корупцијата и владеењето на правото се од огромно значење за Македонија и нејзиниот напредокот кон евро-атлантските интерграции.

Николоски и Милошоски ги информираа своите соговорници и за обидот на Заев да избега од избори на 12-ти aприл и одговорноста која следи. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи одложување на изборите и истите ќе се одржат на 12-ти април, а после победата на изборите доаѓа обновата на Македонија.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....