Мицкоски: Не е точно дека бараме некакво спасување на случаи, тоа го прави власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување на „Топ Тема“ на Телма телевизија истакна дека не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ бара спасување на случаи од обвинителство и судство, туку тоа единствено го прави актуелната власт.

-Еве јавно кажувам слободно, јавното обвинителство не ги води процесите кои што ги води, не бараме ништо да сопре. Како што си ги преземаа така нека ги водат, немаме никаков проблем со тоа. Слободно сите случаи кои што се отпочнати во рамките на Јавното Обвинителство до крај нека се истераат и во судските процеси и секаде. Но знаете што е проблемот, знаете ли колку случаи започнаа од почеток? Знаете дека се случи судија 90 дена да не свика рочиште, знаете за кого е тој случај? Знаете дека судијки се повлекуваа од случај за да отпочне истиот од почеток?- праша Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека во оваа држава правдата треба да биде за секого, не за некого, а токму тоа е и забелешката на партијата, дека мора еднаш засекогаш правдата да биде еднаква за сите, а не селективна како што е сега.

-ВМРО-ДПМНЕ и јас лично, сите случаи кои што се во рамките на Јавното Обвинителство и пред судовите да продолжат да си ги водат воопшто да не водат сметка. Ние не сме побарале Ние побаравме да се почитува законот и уставот и да го го побаравме пред да се префрлат на начин на кој што се префрлија од СЈО каде 1 милион завршија во Луј Витон, во Јавното обвинителство каде истите обвинители кои си поделија по 6-7 илјади евра хонорари – потенцираше Мицкоски

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.