Тошковски: СДСМ го испишуваше името на Катица Јанева, сакаа да ја вдомат како предводник во ЈО

Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на 24 Отворено истакна дека треба да се потсетиме дека СДСМ буквално го испиша со букви името на Катица Јанева да биде предводник на тогаш понуденото јавно обвинителството, сакаа да ја вдомат Катица Јанева повторно во државното јавно обвинителство.

-Законот каков што е се коси со интересите на граѓаните, а тоа е да добиеме реформирано независно Јавно обвинителство кое што ќе треба да си ја врши работата. Да се потсетиме дека СДСМ буквално го испиша со букви името на Катица Јанева да биде предводник на тогаш понуденото јавно обвинителството, сакаа да ја вдомат Катица Јанева повторно во државното јавно обвинителство, ние велевме дека треба прифатливо решение во рамки на европските стандарди, истакна Тошковски.

Тој вели дека на јавната расправа којашто се одржа во собранието од шест професори од правната област само еден професор беше на ставот дека овој закон треба да се донесе, по некоја случајност е министер за правда – Рената Дескоска, сите останати беа на став дека овој закон е во функција на штитење на одреден криминал и има одредби коишто се недопуштени.

Тошковски со низа забелешки посочи дека во преодните и завршните одредби од овој закон се дефинираат одредби коишто вдомуват реално одреден број на специјални јавни обинители коишто постапувале во рамки на специјалното јавно обвинителство во рамкии на обвинителството за организиран криминал и корупција.

Понатаму се заоструваат одредбите коишто дефинираат начин на избор и разрешување на јавен обвинител, наместо да се прифатат забелешките да може Јавен обвинител на Република Македонија да биде професор од Правен факултет со долгогодишно работно искуство повеќе од 15 години во рамки на неговата област, зошто да не може да биде адвокат, со над 20 години работно искуство во рамки на неговата професија, истакна тој.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.