СДСМ сака на сила да донесе заклучоци за надзорна расправа

Интегрален текст од изјава за медиуми – Магдалена Манаскова , пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

СДСМ сака на сила да донесе заклучоци за надзорната расправа на тема „Културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Македонија за проекти од национален интерес, со посебен осврт на Програмата за 2018 година“.

Првото продолжение на оваа надзорна расправа се одржа на 13 март 2019 година.

Од сеуште нејасни причини, претседателката на Комисијата за култура Ирена Стефоска, не закажа продолжение на надзорната расправа, за да се сослушаат останатите сведоци, би рекла клучни сведоци односно носителите на дејностите од областа на културата и корисниците на средствата, кои и најмногу реагираа на скандалозните програми во 2018 и 2019 година.

Освен тоа, пратениците кои учествуваа во првиот дел од надзорната расправа, до ден денес немаат добиено одговори на поставените прашања до надлежните претставници на Министерството за култура и членовите на стручните комисии.

Уште поскандалозен е податокот дека дел од добиените материјали од страна на Министерството за култура, доставени до пратениците, претседателката Стефоска ги држи во фиока и не дозволува увид во истите.

Прашуваме, како да пристапиме кон носење на заклучоци после ваквиот недемократски пристап кон реализација на она што би требало да биде еден од врвните приоритети на секој пратеник – собранискиот надзор.

Прекршувањето на процедурите во неколку наврати при реализација на надзорната расправа укажува на уште едно нарушување на функцијата на Собранието во системот на контрола.

Собранието не треба да има само „симболична“ улога во собранискиот надзор, туку би требало да биде еден од камен – темелниците на претставничката демократија.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....