Николоски: Кога Заев виде дека не може да му помине закон за јавно обвинителство за да се спаси од одговорност сега се обидува да одложи избори

Соопштение до јавноста, став на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во однос на изјавата на Зоран Заев за одложување на изборите.

Денешната изјава на Заев со повторен обид за одлагање на изборите е уште еден доказ дека знае дека народот не го сака и ќе биде убедливо поразен!

Кога Заев виде дека не може да му помине закон за јавно обвинителство за да се спаси од одговорност сега се обидува да одложи избори. Со една реченица власта на Заев му треба за да избегне одговорност за криминалот и корупцијата.

Фактите говорат дека цело време бега од избори, прво беше протоколот за членство во НАТО, па некаква група закони која 3 години не ја донесе и баш сега му текна да ги носи, па го оспоруваше изборот на Министер во МВР, сега ова со Законот за ЈО со кој бара да се направи модел во кој тој ќе биде амнестиран од одговорност за криминал.

И да помине ова ќе измисли нешто друго. Едноставно е Заев бега од избори зашто знае дека ќе биде поразен, а потоа следува одговорност и за предавствата и за криминалот

За ова денес ќе ги информирам челниците на ЕУ и Европската Народна Партија во Брисел. Мора да се почитуваат договорите. Тоа е демократија, се друго е диктатура. Избори на 12ти април мора да има и ќе има!

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....