Трипуновски од Струмица: Селективната поделба којашто ја прави СДСМ на земјоделците на 12 април ќе биде минато

Она што сакам да го пренесам до земјоделците е дека состојбата во земјоделскиот сектор е навистина катастрофална и ова не се зборови само на Цветан Трипуновски, ова се зборови на земјоделци, ова денеска од Струмица го истакна дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

-Почнувајќи од селективната исплата на субвенциите, едноставно немање на сенс за обештетување од штетите кои што ги опфатија земјоделците на речиси цела Македонија во изминатите години и она што значи празно ветување за загарантиран откуп и повисоки откупни цени. Еве и на пазарот денеска во разговор од некој производители и купувачи ситуацијата е многу лоша, едноставно ниту се продаваат, ниту граѓаните се подготвени да ги купат овие производи. Оваа селективност која што ја прави владата на СДСМ и поделба на подобни и неподобни на 12 април ќе биде минато, затоа што земјоделството и земјоделецот не треба да се делат ниту на ниту една основа, најмалку партиска и верска, рече Трипуновски.

Тој додава дека трудот треба да се вреднува правилно како што треба.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.