Стоилковски: Власта да постапи по укажувањата на ДКСК и да сопре со изборна корупција

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Паниката од поразот ја тера власта во заминување на изборната корупција преку вработувања до тој степен, што дури и ДКСК реагираше и го оцени како несоодветно за овој период.

Оваа криминално рекетарска власта три месеци откако се договорени избори не сопре со изборната корупција преку вработувања. Само во два месеци спроведени се преку 6.000 партиски вработувања, и тука не се оние вработувања и огласи распишани во јануари.

Само во Македонски шуми за изборна корупција, за изборен поткуп на гласови распишаа огласи за 536 за времено вработување во претпријатие кое и сега според сознанијата исплаќа плата од позајмици. Ова е не само срамно, туку и целосно го нарушува изборниот амбиент, атмосферата за фер и демократски избори- главен предуслов за Европската Унија.

Ова е класична злоупотреба, класична политизација и партизација на администрацијата, ова е оптоварување на јавната администрација и на буџетот, само и само заради стравот на СДСМ од изборниот пораз.

Исти се огласите за стотици нови вработувања во ЕЛЕМ, во МЕПСО, во Царина, во Градот Скопје со нивните јавни претпријатија. И тие и овие огласи во Македонски шуми се отворена корупција, отворено купување гласови.

Ова е игра со чувството и потребата на човек за да работи и заработи. Ова е залажување на граѓаните кои што се во незавидна позиција и  положба да прифатат вработување на определено време, со надеж, дека ќе бидат трајно вработени доколку го поддржат тој што овие три години ги држи во таква незавидна позиција. Тоа е изборна корупција.

Тие луѓе можеа да бидат вработувани на огласите на Македонски шуми на кои што минатите две години беа вработувани партиски кадри на СДСМ, роднини и пријатели на функционери на СДСМ, синови, ќерки и внуци на директори на подружници и сектори на истото јавно претпријатие, роднини, деца, внуци на градоначалници, на референти, на други раководни лица, нови и нови вработени со една заедничка линија, партиската определба како основа за вработување во администрацијата на ова ЈП.

Почитувани,

Власта мора да постапи откако ДКСК се одважи по примарната надлежност, спречување на корупцијата. Потребни се зафати да се сопрат дејствијата, односно, да се спречи фактичката реализација на корупцијата.

Почитувани,

СДСМ е изворот за сите порази, измами и криминали во државата и за тоа на 12 април ќе понесе одговорност! Заев и СДСМ никогаш повеќе!

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.