Мисајловски: Граѓаните знаат дека политиките на СДСМ се против уставни и штетни, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на браникот на националните интереси

Ние во принцип сме ги кажале секогаш нашите ставови и нашите ставови се познати и ние не може да секој ден да менуваме принципи. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ и тоа што ќе го каже во минатото мора да остане и сега, вие знаете дека ние бевме против сите штетни последици од договорот, но и применување на сите уставни категории во Република Македонија и сите институции што се променија, ова денеска во вестите на МТВ го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Ние остануваме посветени кон НАТО и ЕУ и со разум и сите мора да седнат со ВМРО-ДПМНЕ на маса за секој оној закон за да биде прифатлив и заедно да го наоѓаме решението. Повторно ќе повторам ние сме против Преспанскиот договор и против оние последици кои произлегоа од тој договор и затоа принципите на ВМРО-ДПМНЕ ќе останат сите тие што секогаш ги кажуваме во изминатите години, рече Мисајловски.

Тој додава дека граѓаните знаат дека се ова што се случува во Република Македонија е против уставно и штетно, а ВМРО-ДПМНЕ ќе остане браникот на националните интереси.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....