-Каде се видело во закон да се говори за конкретни лица и предмети… Дел од одредбите во законот се спротивни на сите цивилизациски вредности. Каде сте го виделе ова, во Уганда?, укажа Тошковски.

Според него судот е тој што треба да одлучува за предметите, а не политичари во закон.

-Да земат сите претставници од правна фела и следното да го кажат за предлог текстот на законот, неписменост во дел на пишување на законот, непознавање на правото, непознавање и неприменување на меѓународни стандради….Ова е срамота да има вакви забелешки за закон, рече Тошковски.
Тошковски укажа дека за се да биде во ред и по процедура требало законот веднаш да се достави до Венецијанска комисија.

-Логично е надлежното министерство предводено од професорката Десковска да понуди решение согласно Устав и закон, и експертските решенија. И ве уверувам дека доколку имаме такво решение, доколку се прифатат 80 проценти од суштинските забелешки на експертите, ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати. Ние не можеме да дозволиме закон со кој ќе се блокира правдата, заклучи Тошковски укажувајќи дека СДСМ во предодните и завршни одредби на законот сака да вдоми конкретни личности.