Стоилковски: СДСМ во заминување вработува партиски полтрони во администрација

Почитувани,

Не запира партизацијата и политизацијата на администрацијата, што е една од главните забелешки на ЕУ за определување датум за почеток на преговори со Република Македонија. Хибридниот режим на централно и на локално ниво продолжува со самоволие и со силување врз институциите.

Пред десетина дена, предупредивме дека општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Наумовски распишуваат огласи за однапред познати избраници во штабот на СДСМ. Притоа ги посочивме и точните имиња и позициите на оние кои ќе минат низ тестирањата на Агенцијата за администрација, и ќе бидат постојано вработени  во Општинската администрација.

Почитувани,

Ова се решенијата потпишани од Наумовски токму за оние за кои што предупредивме. Ова е голема дамка и врз државата и врз општината и врз Агенцијата за администрација, ова е доказ за основано сомнение дека на другите учесници во тестирањето во агенцијата не им бил обезбеден фер и еднаков пристап, за да може еднакво да конкурираат и да бидат вработени во администрацијата согласно квалитетот, а не спорeд партиските заслуги во СДСМ.

Не сме видовити, напротив самоволието и увереноста во неказнивост на СДСМ се премногу впечатливи. Во последните моменти од власт, СДСМ ги изигрува законите и ги згрижува партиските полтрони во администрација. Ова е класична партизација, класична политизација на администрацијата и е сосема спротивно од европските вредности. Апелираме институциите да го испитаат овој случај на класична партизација и до тогаш да се стопираат овие вработувања.

Почитувани,

Ова е пример зошто е Македонија тоне на индексот за перцепција за корупција, зошто Македонија е водена од хибриден режим. СДСМ е виновно за сите порази, криминали и измами, затоа на 12 април следува одговорност. СДСМ и Зоран Заев никогаш повеќе.

 

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....