Спасовски и Заев потрошиле 4 милиони народни пари за само една година поради нивната патолошка потреба за политичка одмазда

Соопштение до јавноста

Македонија скапо ја плаќа желбата на Заев за власт и богатење.

Граѓаните скапо ги чини неспособноста на СДСМ и нивниот обид да се задржат функциите преку заплашување и пресметка со сите кои не мислат како аболицираниот Зоран Заев.

Оливер Спасовски и Зоран Заев потрошиле 4 милиони народни пари за само една година поради нивната патолошка потреба за политичка одмазда.

Годишно МВР предводено од Спасовски трошело по 4 милиони евра кои се исплаќале за оштета на вработените поради изгубени судски процеси заради незаконски смени и деградирања.

Наместо тие средства да се употребат за изградба на градинки, училишта или болници, Оливер Спасовски и Зоран ги потрошиле овие пари за политички реваншизам и покажување лажна моќ.

Сите припадници на МВР кои биле мета на изживување од страна на сегашниот технички премиер Оливер Спасовски ќе ја дочекаат правдата.

Јавното обвинителство мора да отпочне истрага за расипничкото работење на Оливер Спасовски и соодветно да го санкционира. Парите кои се расипнички истрошени , мора да бидат вратени во буџетот.

На само неколку дена пред формирање на техничката влада во МВР се случил хаос во однос на делење партиски решенија за вработување, како и решенија за преместување од едно на друго работно место. Народот не е должен да ги плаќа личните задоволства на овој криминоген тандем Спасовски – Заев.

На 12 април ќе биде испратена пораката Зоран Заев, никогаш повеќе!

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....