Тошковски: СДСМ противуставно го менува решението на текстот за законот за јавно обвинителство

Во емисијата „И што сега“ на МРТ, Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека срамота е СДСМ да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за неуспех за донесување на законот за јавно обвинителство. СДСМ е партијата која го менува во неколку наврати решението на текстот.

Текстот на законот е сменет, денеска професорот Калајџиев кажа овој текст не е текстот на кој што ние работевме. Овој текст е спротивен на Уставот и меѓународните стандарди, спротивен на сите вредности во демократското општество, и образложи Тошковски на Калеска Ванчева.

Тошковски додаде дека може и да прочита што имаше во првиот нацрт на законот што СДСМ го има предложено. Катица Јанева беше предложена во првото решение на текстот да биде повторно 4 години специјален јавен обвинител.

Сакате да ве потсетам во второто решение од текстот што имаше? Во второто решение од текстот пред Катица Јанева биде притворена вие инсистиравте и максимално се вложивте во тоа Катица Јанева да биде обвинител во републичкото јавно обвинителство. Значи директно од основно јавно обвинителство во специјално па во републичко да го скокне и вишо. Вие го предложивте тоа, вашата партија СДСМ, истакна Тошковски.

Тошковски потсети дека СДСМ неколку пати го менува решението, а го обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.